Артета е менаџерот на месецот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е избран за менаџер на месец септември во Премиерлигата. Во три натпревари одиграни во овој период „топџиите“ запишаа и три победи совладувајќи ги Норич, Брајтон и Тотенхем.

Во овие три меча Арсенал постигна пет гола, а два пати ја сочува мрежата недопрена. Оваа награда шпанскиот стратег ја освои во конкуренција со Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Грејм Потер и Дин Смит.

Се вчитува...