Артета го отпиша Озил – Германецот не се најде на списокот за европските натпревари

Месут Озил нема да биде дел од тимот на Арсенал за натпреварите во Лигата на Европа. На спискот кој се доставува до УЕФА за фудбалерите на кои ќе смета менаџерот Микел Артета на европските натпревари го нема германскиот интернационалец кој се помалку добива шанса за игра.

Тој нема одиграно меч за „топчиите“ од март годинава, а неговата иднина во клубот е се понеизвесна, откако Артета отворено кажа дека многу е тешко Месут да се врати во тимот. Озил е најплатениот фудбалер во историјата на тимот, а беше дел од стартната постава во секој меч до паузата поради пандемијата од коронавирусот откако на кормилото на клубот застана Микел Артета. Сепак, по пандемијата многу работи се променија, а сега тој сигурно нема да биде дел од составот за европските натпревари.

Арсенал во Лигата на Европа се наоѓа во групата Б заедно со Рапид Виена, Дандалк и Молде.

Се вчитува...