Артета го рехабилитира Месут Озил

Германскиот интернационалец Месут Озил ќе биде „рехабилитиран“ и ќе добие уште една шанса од менаџерот Микел Артета да се врати во составот на Арсенал. Тој беше стартер на последниот претсезонски натпревар против Астон Вила, што е најава дека би можел дел од тимот што ќе истрча и следниот викенд на гостувањето кај Фулам.

Ова и нема да е толку важна вест, ако не се знае дека Озил не одигра ниеден натпревар во дресот на Арсенал по рестартот на минатата сезона. Дури не беше ниту на резервната клупа.

Германецот најави дека нема да замине и покрај тоа што не добива шанса, се додека не му истече договорот следното лето.

Се вчитува...