Артета го засили Арсенал со куче!

Предводникот на Арсенал, Микел Артета ги засили редовите на Арсенал со куче, пренесуваат англиските медиуми. Станува збор миленик од расата лабрадор чие име е Win (победа) и ќе биде задолжено за добра атмосфера во тимот и намалување на стресот што ќе придонесе фудбалерите да го вадат максимумот од себе.

Миленикот е во сопственост на член на стручниот штаб и ќе биде присутно на тренинг центарот на Арсенал неколку пати во семицата.

Шпанецот е добро познат како неконвенционален стратег кој пробува да ја задржи добрата атмосфера на тимот на различни начини. Вин е неговиот најнов алат за мотивација.

Се вчитува...