Артета има уште три желби за Арсенал да биде тим по негов мерак

Англискиот премиерлигаш Арсенал би можел да доживее комплетна промена под раководство на Микел Артета. Новиот менаџер има уште три желби во овој летен преоден рок откако клубот успеа да го задржи капитенот Пјер – Емерик Обамејанг. „Топчиите“ сакаат да доведат засилувања за останатите линии во тимот, одбраната и средниот ред.

Артета го донесе Габриел Магалјаеш како нов централен дефанзивец, но го посакува Диего Карлос од Севилја како негов партнер. Ова значи дека Мустафи или Сократис ќе мораат да си заминат од „Емирати“, иако ангажманот на дефанзивецот на Севилја нема да биде лесна задача и ќе чини околу 30 милиони евра.

Двете останати желби на Артета се за засилување на средниот ред. Озил и Гендузи се неговата болка, па тој ќе се обиде да го реновира маневарот. Хусем Ауар, плејмејкерот на Лион кој чини околу 60 милиони евра е прв пик на Арсенал. Но, во игра за него се и ПСЖ и Јувентус, па дури и Манчестер Сити.

Веќе подолг период Арсенал води преговори и за Томас Парти, дефанзивниот играч за врска на Атлетико Мадрид. Неговата отштетна клаузула е 50 милиони евра. Трите желби на Артета се проект за кој треба да се одвојат многу пари, севкупно околу 140 милиони евра.

Се вчитува...