Артета: Имаме многу повредени играчи, мораме да бидеме поефикасни

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе има сериозен предизвик при избор на состав за утрешниот натпревар со Брентфорд во рамките од третото коло во Лигата Купот, откако неколку играчи се повредија за време на натпреварот со Тотенхем.

Шпанецот напомена дека покрај повредата на Рајс, се повредил и Сака, а нема да може да смета ниту на Тросар, Мартинели и Парти.

„Деклан Рајс не можеше да го продолжи мечот со Тотенхем и не тренира. Не е добар знак, но се надеваме дека брзо ќе ја надмине повредата. Не можеме да сметаме ниту на Тросар. Тој се обиде да тренира, но не го издржа тренингот, и нема да биде во комбинација. Ќе биде рано и за Мартинели, а нема да го имаме на располагање ниту Парти. Букајо Сака се пожали на болки по натпреварот со Тотенхем. Тоа е долга листа и ќе треба време некои од нив да се вратат“, објасни менаџерот на Арсенал.

Тој кажа дека со резултатите минатата сезона и со почетокот на оваа сезона, ги подигнале очекувањата од навивачите.

„Очекувањата кои ги создадовме е дека сакаме да победуваме на секој натпревар и да бидеме се подобри и подобри. Имавме одлична шанса при 0-0 со Тотенхем, а потоа Жесус имаше уште една, но тешко даваме голови. Ја немаме потребната ефикасност. Ова се одлучувачки моменти и мораме да бидеме подобри во таквите ситуации“, рече Артета.

Се вчитува...