Артета иронично за ВАР технологијата: Беше неверојатно, судиите се одлични

Арсенал пред своите гледачи го победи Барнли со 3-1, но мечот го заврши со фудбалер помалку. Фабио Виеира беше исклучен во 83. минута поради прекршок над Џош Браунхил.

Минатата недела менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше нападнат од британските медиуми дека изјави дека „ВАР е срамота“, а овој пат реши да биде максимално ироничен, па отиде во друга крајност и ги „пофали“ судиите и ВАР системот.

„Ве молам прашајте ме за ВАР бидејќи беше добар. Се надевам дека сега ќе ме гледаат на телевизија и ќе слушнат, судиите се толку добри и јас сум целосно со нив, јас сум многу конструктивен. Мора да ме прашате за ВАР, тој беше совршен. Судиите исто така беа на врвно ниво. Ајде да се пошегуваме и да продолжиме понатаму“, рече Артета.

Се вчитува...