Артета изненади: Арсенал ќе пазари во Челси?

Арсенал до крајот на зимскиот трансфер рок би можел да го ангажира Жоржињо, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо. „Топџиите“ веќе се распрашале за достапноста на италијанскиот репрезентативец од редовите на Челси, но тој е опција само доколку пропадне трансферот на Моисес Каиседо.

Договорот на искусниот 31-годишник со Челси истекува на крајот на сезоната, но „сините“ не се согласуваат да го пуштат да замине во градскиот ривал и воедно прв кандидат за освојување на шампионската титула во Англија без добро обесштетување.

Жоржињо е дел од Челси од 2018 година каде пристигна од Наполи, но за него нема место во „новата ера на Челси“. Тој беше блиску и до камбек во Италија пред почетокот на сезоната, но тогаш не се реализираше трансфер.

Се вчитува...