Артета ја надмина короната, Арсенал сепак нема да ги собира играчите

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се опорави од коронавирусот, а утре истекуваат и 14-те дена изолација кои беа обврзани играчите на клубот по позитивниот тест на шпанскиот тренер. Сепак, Арсенал информира оти клубот проценил дека е неумесно и неодговорно да ги врати играчите на тренинг утре како што беше договорено. Затоа од Арсенал велат дека ќе се следат препораките на здравствените власти во државата и  играчите остануваат дома до следните одлуки.

Артета која беше првиот високопрофилен случај на заболен од коронавирусот во Премиер-лигата беше директната причина сезоната во англискиот фудбал да биде суспендирана. Арсенал ги испрати во самоизолација сите играчи и вработените кои биле во контакт со менаџерот и направи дезинфекција на сите објекти во сопственост на клубот.

Засега е неизвесно кога ќе продолжи сезоната во Премиер-лигата. Сите клубови комплетно ги запреа активностите. Најголем дел од фудбалерите тренираат од  дома.

Се вчитува...