Артета: Мислам дека го убедивме Обамејанг да остане

По победата во „Комјунити шилд“ и освојувањето на вториот трофеј на Арсенал откако на клупата е Микел Артета тој верува дека првата ѕвезда на тимот Пјер-Емерик Обамејанг ќе остане во клубот.

„Моја работа е да се обидам да го убедам да остане на вистинското место во вистинското време. Мислам дека успеав во тоа и единствено што ни останува е да ги средиме документите“, изјави Артета. 

Обамејанг на „Емирати“ стигна во 2018 година, а оттогаш за клубот од Лондон успеа да даде 80 гола.

Се вчитува...