Артета не се шегува: Одиме во Манчестер да го победиме Сити!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во моментов се наоѓа пред голем притисок, а сето тоа се должи на кризата во клубот и слабите резултати на „топџиите“.

Сепак, Артета има сериозно очекувања пред натпреварот од третото коло во Премиер лигата против Манчестер Сити.

За потсетување, Арсенал ги загуби првите два натпревари со резултат 2-0 од Брентфорд и од Челси, и тоа е нивниот најлош старт од 1903 година.

За да бидат работите уште потешки, тие сега гостуваат кај актуелниот шампион Манчестер Сити, каде Артета своевремено работеше како асистент на Пеп Гвардиола.

„Одиме во Манчестер за да го победиме Сити, тоа ќе биде одличен резултат да ги победиме шампионите. Тоа ќе промени се”, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...