Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека бил изненаден од критиките кои дојдоа на негова адреса по начинот на кој „топчиите“ се разделија со Габриел Жесус и Габриел Мартинели.
Габриел Жесус го напушти Арсенал и за сума од 15 милиони евра се пресели во Барселона откако претходно беше отстранет од првиот тим.
Мартинели, пак, не беше дел од составот на Артета на почетокот од сезоната, пред да направи трансфер во саудискиот Ал-Хилал за 60 милиони фунти.
Начинот на кој Арсенал се раздели со двајцата фудбалери предизвика реакции, а критики упати и легендарниот напаѓач на „топчиите“, Јан Рајт.
Артета вели дека бил изненаден од таквиот развој на настаните.
„Многу сум изненаден, искрено. Особено затоа што имав разговор еден на еден со Габриел Жесус во соблекувалната. Не знам кои зборови биле кажани, но тоа е на моја одговорност. Некој мора да ја игра улогата на лошиот полицаец. Ако треба јас да бидам таа личност, тогаш ќе бидам и го разбирам тоа“, порача Артета.
Тој како пример го посочи Леандро Тросар, кој исто така го напушти Арсенал ова лето и се пресели во Бешикташ за 18 милиони евра. Белгиецот, сепак, неодамна се врати на „Емирати“ за да го следи натпреварот во кој Арсенал со 2:1 го совлада Челзи.
„Тоа што е важно е што ќе се случи по три или шест месеци. Тросар дојде, беше со нас во соблекувалната, а атмосферата и односот меѓу нас беа одлични. Се надевам дека истото ќе биде и со овие двајца играчи“, додаде Артета.
Арсенал во меѓувреме продолжува со одличниот старт на сезоната. „Топчиите“ в сабота гостуваат кај Сандерленд,и ќе се обидат да го задржат максималниот учинок во Премиер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
