Артета никако да фати победнички ритам, Брајтон и Арсенал ремизираа без голови

Фудбалерите на Брајтон и Арсенал ремизираа без голови во последниот натпревар од саботната програма од седмото коло во Премиер лигата.

Исклучително динамичен натпревар беше виден на стадионот „Амекс“. Ниту една екипа не се двоумеше да нападне, беа создадени неколку добри прилики, но мрежите мируваа. Брајтон го забележа второто реми во низа, додека Арсенал ја прекина серијата од три триумфи.

Иако домаќинот имаше вкупно 21 удар, наспроти 8-те на гостите, најдобрата шанса во играта ја пропушти напаѓачот на „топџиите“ Пјер-Емерик Обамејанг, кој со глава ја погоди стативата во 23. минута.

Тимот на Микел Артета е на деветтото место со 10 бода. Брајтон со 14 бода се наоѓа на 5-то место во Премиер лигата.

Се вчитува...