Артета останува во Арсенал во 2030 година

Актуелниот шампион во Премиерлигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета.

Не е случајно што гигантот од Северен Лондон во својата историја имал шестмина тренери кои работеле во клубот најмалку девет години во еден мандат. Последниот меѓу нив, кој воедно е и рекордер, е Арсен Венгер, а по тие стапки тргна и Микел Артета.

Шпанецот е веќе во својата седма година и планира да остане уште некое време, бидејќи ја продолжи својата верност кон „топчиите“ до 2030 година.

Се вчитува...