Артета по воведниот триумф: Целта на Арсенал е одбрана на титулата во Премиерлигата!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, упати силни пофалби до своите фудбалери по убедливата победа од 3-0 против новиот прволигаш Ковентри Сити во првото коло од Премиерлигата.

Лондонскиот клуб ја оправда улогата на фаворит и со доминантна игра ги освои првите три бода во новата сезона. По натпреварот, Артета не го криеше задоволството од покажаната енергија и тактичка дисциплина на теренот.

„Одлична игра многу работи ми се допаднаа во настапот на моите фудбалери. Целосно доминиравме, имаше неверојатно разбирање на теренот. Постигнавме два прекрасни гола пред паузата. Требаше да го контролираме натпреварот и им дадовме минутажа на некои фудбалери, така што навистина се доби одличен натпревар. Не чувствуваме обврска да браниме нешто. Едноставно сакаме повторно да ја освоиме титулата, таков е нашиот став. Претходната сезона е минато, сега целта е да го повториме успехот“, изјави Артета. 

Се вчитува...