Артета: Полека, но сигурно го создаваме вистинскиот Арсенал

Микел Артета истакна дека е задоволен по победата на Арсенал против Астон Вила во дуелот од деветтото коло на Премиер лигата.

Шпнецот потенцираше дека има и свои грижи кои ги објаснува со младоста на тимот.

„Задоволен сум од начинот на кој го започнавме натпреварот, темпото и доминацијата. Верувавме дека можеме да победиме против многу добар ривал. Сакавме да заборавиме што се случи во понеделникот. Сите извлекоа поука од натпреварот со Кристал Палас. Оваа победа започна со реакција на тоа реми. Го имаме најмладиот тим во лигата и тоа не можеме да го промениме. Затоа мораме да ги најдеме причините зошто некои работи се случуваат и терба да ги решиме. Ова е начинот на кој треба да играме, со силна желба, посветеност и јасни идеи како да напаѓаме. Сега сме поблиску до создавање на вистинскиот Арсенал, носиме добри одлуки и имаме добри играчи“, изјави Артета.

Се вчитува...