Артета: Претходната сезона Одегард ја крена нашата игра на следното ниво…

Мартин Одегард и официјално е нов играч на Арсенал откако лондонскиот тим успеа да го осигура трансферот на младиот Норвежанец од редовите на Реал Мадрид. Одегард кој блесна во „црвено-белиот“ дрес претходната сезона беше приоритетна трансфер цел на клубот ова лето, а клубот во него гледа предводник во годините кои следат.

По ангажирање на играчот од средниот ред, тренерот Микел Артета не го криеше задоволството и изјави дека со Одегард тимот добива лидер.

„Откако пристигна во нашите редови претходната сезона не направи подобар тим. Ни беа потребни повеќе опции, повеќе алтернативи, повеќе креативност, а и покрај тоа што е млад играч тој со него носи големо искуство кое му овозможува да го даде тоа што го бараме. Видовте како влијаеше на нашата игра претходната сезона. По неговото пристигнување заиграме тимски на следното ниво. Тој е некој на кој му се восхитуваме и му претстои блескава иднина. Тој е млад, а неговиот потенцијал е огромен“, изјави Артета.

Се вчитува...