Артета: Притисокот секогаш постои, мораме да покажаме што знаеме

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се надева дека одат подобри денови за неговиот тим бидејќи голем дел од повредените фудбалери се враќаат.

„Не сакам изговори. Знаеме колку беше тешко со сите повреди и проблеми со коронавирусот. Сега мораме да почнеме од почеток и да почнеме да победуваме“, изјави Артета. 

Арсенал катастрофално ја почна новата сезона со три порази во три натпревари и во моментов се наоѓа на последното место на табелата во Премиерлигата.

Се вчитува...