Арсенал го продолжи договорот со актуелниот тренер Микел Артета до јуни 2025 година. Челниците на „точиите“ се задоволни од соработката со тренерот, кој пристигна на „Емирати“ во 2019 година. Сезонава Арсенал е блиску да обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.
Шпанецот истакна задоволство од продолжувањето на соработката со тимот од „Емирати“.
„Возбуден сум и многу среќен денеска. Кога се договорав со клубот, имавме многу заеднички нешта. Сакаме да го искачиме клубот на повисоко ниво и да се натпреваруваме со најдобрите тимови во Лигата на шампионите. Мораме да го развиваме тимот, да ги подобриме играчите и сите оддели, да ја подобриме атмосферата, и една од целите е да вадиме нови фудбалери и најдобри луѓе за овој клуб“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА