Артета пронајде засилување во Борнмут

Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде да доведе квалитетно засилување во летниот преоден рок, а за него да плати премногу пари. Менаџерот Микел Артета верува дека Рајан Фрејзер, крилниот играч на Борнмут, би можел сериозно да го зголеми квалитетот во ростерот на Арсенал, а ќе дојде како слободен агент.

Шкотскиот репрезентативец има одлична сезона во дресот на Борнмут, постигна седум гола и забележа 15 асистенции во сите конкуренции и го насочи кон себе вниманието на неколку англиски клубови. Арсенал е засега во пол – позиција за негов ангажман.

Артета се надева дека може да го доведе и Крис Смолинг од Рома како засилување за одбраната, но и Џес Лингард, доколку добие дозвола за заминување од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...