Менаџерот на Арсенал, Микел Артета и натаму верува дека неговиот тим може да стигне до шампионската титула, и покрај тешката ситуација на табелата и предноста која ја има ривалот Манчестер Сити. Сити е прв со 85 боа од 35 меча, а Арсенал има меч повеќе и 81 бод.
Тимот на Пеп Гвардиола ќе биде шампион доколку Арсенал загуби од Нотингем, или, пак, Сити го совлада Челси во недела.
„Остануваат уште два меча, и ние можеме да бидеме шампиони. Се натпреваруваме со можеби најдобриот тим во историјата на Премиерлигата. Ова абитка трае 10 месеци, и ние сме уште во игра. И нема да криеме дека одиме на титула. Следната сезона многу ќе зависи од тоа како ќе се развиваме. Да се предвидува е многу тешко“, рече Артета.
Лондонскиот тим утре игра со Нотингем на гостински терен, а тимот на Форест треба да освојува бодови за да го осигура опстанокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА