Артета си најде нова легенда на Арсенал за местото на Љунгберг

Денис Бергкамп е на добар пат да се врати назад во Арсенал, откако Микел Артета му понудил на холандскиот фудбалски генијалец да му се приклучи во стручниот штаб на „топчиите“. Шпанецот летово останува без Фреди Љунгберг, кој си заминува од клубот во обид да најде ангажман како прв тренер, а Артета посакува нова клупска легенда да му биде десна рака на клупата.

Бергкамп е без ангажман повеќе од три години, откако си замина од функцијата помошен тренер во Ајакс, а според првичните информации поранешната „десетка“ на „топчиите“ е сериозно заинтересирана за враќање во клубот во кој мина 11 сезони.

Бергкамп беше еден од клучните играчи на „непобедливите“ на Арсен Венгер, со Арсенал освои три титули и три трофеи во ФА Купот, а Холанѓанецот има и своја статуа пред стадионот „Емирати“. Нема сомнеж дека неговото враќање во Арсенал уште повеќе би ја кренало атмосферата меѓу навивачите на лондонскиот клуб, каде работите тргнаа на подобро со освојувањето на трофејот во ФА Купот на крајот од сезоната.

Се вчитува...