Артета: Сити немаше среќа сезонава

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета смета дека Манчестер Сити сезонава немал среќа. Шпанскиот стратег ќе се врати на „Етихад“ во среда кога Манчестер Сити го пречекува Арсенал во одложениот натпревар од 28. коло. Топчиите се во серија од три победи, додека „граѓаните“ загубија во неделата во градското дерби од Манчестер Јунајтед.

„Некогаш ситниците прават голема разлика. Мислам дека Сити сезонава немаше среќа. Но, тоа е фудбалот, се случува“, изјави Артета. 

Сити во моментов е на втората позиција на првенствената табела со огромни 25 бода негатива зад првопласираниот Ливерпул, додека Арсенал е деветти со пет бода заостанување зад петтопласираниот Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...