Артета со засилување од Манчестер Сити ќе брка титула во Премиерлигата

Шампионот и вицешампионот на Премиерлигата за сезоната 2022/23, Манчестер Сити и Арсенал ќе претрпат промени на средината на теренот ова лето, но се исклучува можноста фудбалер кој сега го носи „синиот“ дрес наскоро да го облече „црвениот“.

Станува збор за Икај Гундоган чиј договор истекува на крајот на сезоната и тој со сигурност го напушта „Етихад“, но и покрај тоа што прва опција за премин останува Барселона, голем интерес за негов ангажман изразил и Микел Артета кој ќе се обиде да го искористи пријателството за значајно засилување.

Германецот беше еден од клучните играчи на Манчестер Сити оваа сезона, а со оглед на неговото искуство треба да донесе стабилност и во составот на „топџиите“.

Гундоган треба да биде замена за Гранит Џака кој е пред договор со Баер Леверкузен, а покрај Германецот на „Емирати“ се очекува и пристигнување на Деклан Рајс кој конечно е слободен за заминување од Вест Хем. Проблем за ангажман на Англичанецот сепак останува цената за која „чекичарите“ инсистираат на 150 милиони евра.

Се вчитува...