Артета: За формата на Каи Хаверц виновен е Челси

Каи Хаверц изминатото лето направи трансфер од еден во друг лондонски клуб заменувајќи го Челси со Арсенал. Но, германскиот репрезентативец бар засега не успеава да го покаже целиот свој потенцијал и во „црвено-белиот“ дрес постигнувајќи само два гола и една асистенција на 13 одиграни натпревари во Премиерлигата.

Еден од головите Германецот го постигна на последниот натпревар на „топџиите“ во елитното англиско фудбалско првенство и беше од огромно значење носејќи три бода за Арсенал со дуелот против Брентфорд па тренерот Микел Артета на пресконференцијата за медиуми пред утрешната средба против Вулверхемптон доби прашање за неговата форма за која шпанскиот стратег упати критики кон Челси.

„Сите добро знаеме каков играч е Каи и се што може да направи на теренот. Неговите способности не се оспоруваат, но кога немате доверба од клубот за кој настапувате ја губите самодовербата. Ние веруваме во Каи и јас гледам како од тренинг во тренинг неговата самодоверба расте. И тој самиот знае дека во Арсенал е ценет и со самото тоа говорот на неговото тело е многу подобро. Прашање на време е само кога ќе покаже се што знае“, изјави Артета.

Се вчитува...