Артета: Жезус ги крена стандардите за сите во Арсенал

Микел Артета не го криеше задоволството од извонредното издание на Габриел Жезус, откако бразилскиот ас постигна два гола во победата над Лестер, втора за Арсенал од стартот на сезонава.

Бразилецот летово пристигна од Манчестер Сити и веднаш се наметна како лидер на подмладениот тим на „топчиите“, а Артета е воодушевен што има можност да соработува со еден ваков врвен голгетер.

„Габриел Жезус, каков врвен играч. Ако бев одбранбен фудбалер, дефинитивно не би сакал да се сретнам со него. Толку е брз, но и има чувство за играта, го диктира темпото, ги разигрува соиграчите. Тој е закана за противниците, но исто така и играч кој ги крена стандардите за сите во Арсенал. Комуницира со сите, ги тера да бидат подобри, но тоа го прави толку природно, за на сите да им е јасно дека е со добра намера. Мислам дека во последните две сезони стартуваше само 18 средби за Сити, но кај нас оваа бројка ќе биде многу, многу поголема“, изјави Артета.

Се вчитува...