Артуро Видал на лето доаѓа во Интер

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал на лето ќе го напушти „Камп Ноу“ и ќе се пресели во Интер. Раководството на „нероаѕурите“ успеало да го договори трансферот на искусниот играч за врска кој е голема желба на тренерот Антонио Конте. Тие соработуваа во Јувентус во периодот од 2011 до 2014 година, кога Конте беше на кормилото на „старата дама“.

Чилеанецот беше на прагот на договор со Интер и оваа зима, но сепак одлучи да остане во Барселона до крајот на сезоната. Видал има огромно искуство и ќе биде добредојден во составот на Интер, кој оваа сезона е во трка за шампионската титула, а следната сака со уште посилен тим да го нападне „скудетото“.

 

Се вчитува...