Ас на Челси е новиот соиграч на Елмас во Фенербахче

Виктор Мозес ќе му биде нов соиграч на Елиф Елмас во Фенербахче, откако нигерискиот интенационалец потпиша договор со турскиот гигант, на позајмица до крајот на оваа сезона.

Станува збор за играч кој може да настапува како десен бек и како десно крило и кој сигурно ќе му биде од огромна помош на Фенер во битката за излез од кризата. Тој беше стандарден првотимец кај Антонио Конте, но со доаѓањето на Сари речиси и да не доби шанса да ги покаже своите квалитети.

Заминувањето од „Стемфорд бриџ“ беше неизбежно, а од неколкуте понуди на негова адреса ја прифати онаа на турскиот клуб.

Фенербахче моментно се наоѓа на 15. место во турското првенство, а тимот на Елиф Елмас се посрамоти и во Купот на Турција, каде вчера беше елиминиран од второлигашот Умранијеспор.

Се вчитува...