„Ас“ открива: Антонио Конте ќе биде нов тренер на Реал Мадрид

Актуелниот европски првак утре ќе добие нов тренер, тврди шпанскиот весник „АС“, кој важи за близок до Реал Мадрид. По убедливиот пораз на „кралскиот клуб“ во големото дерби против Барселона (5-1), сегашниот стратег Хулен Лопетеги ќе добие отказ, а на клупата ќе седне италијанскиот тренер Антонио Конте.

Како што пишува шпанскиот медиум, претседателот Флорентино Перез веќе ги договорил условите за соработка со Конте, а тоа утре треба и официјално да биде објавено во јавноста. Дотогаш, ќе треба да се постигне спогодбен раскин на договорот со Хулен Лопетеги, кој не успеа да се наметне со резултатите од почетокот на оваа сезона. Поранешниот шпански селектор се договори со Реал Мадрид тајно, додека се уште беше на кормилото на „црвената фурија“, а откако тоа беше откриено од репрезентативците, тој мораше да си замине од националниот тим непосредно пред почетокот на Светското првенство во Русија. Но, не се прослави на клупата на Реал Мадрид.

 

Се вчитува...