Асенсио во јануари заминува од Реал: Перез ја одреди и цената за продажба

Марко Асенсио би можел во јануари да го напушти Реал Мадрид, незадоволен поради сопствениот статус во кралскиот клуб.

Многумина очекуваа дека Асенсио, согласно своите квалитети, лесно ќе најде место во првиот тим на Реал но Зинедин Зидан не му веруваше баш најмногу, а „трендот“ продолжи и оваа сезона со Хулен Лопетеги.

Затоа сега се погласни се шпекулациите дека Асенсио го напушта клубот во јануари 2019. Мадридски „АС“ објавува дека Флорентино Перез сериозно планира да го донесе Еден Азар, а да се откаже од еден од најдобрите млади фудбалери во Европа.

Според пишувањата на „АС“ веќе е позната и сумата која ќе треба да се издвои за ангажман на Асенсио, 115 милиони евра. Интерес за овој 22-годишен фудбалер покажуваат Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси.

Се вчитува...