Ашковски и Бабунски во самоизолација: Ковид-19 во Ботошани

Поранешните македонски репрезентативци Давид Бабунски и Стефан Ашковски кои се членови на романскиот Ботошани заминаа во 14 дневна самоизолација поради тоа што докторот на рамонаскиот тим е заразен со коронавирус. Романското првенство денеска требаше да продолжи по тримесечната пауза и тоа токму со гостувањето на Ботошани кај Крајова. Сепак, поради појавата на заразени членови на тимот на нашите интернационалци првенството е повторно одложено и веќе почна да се шпекулира дека Романската фудбалска федерација ќе прогласи негов крај.

Ашковски во Ботошани е од минатата година, додека Бабунски во зимскиот преоден рок се пресели во клубот, но поради пандемијата не доби шанса се уште да го запише својот прв настап.

Се вчитува...