Џенгис Реџепи, асистенот на Игор Ангеловски во стручниот штаб на македонската репрезентација, од денеска треба да го преземе кормилото на косовскиот прволигаш Лапи.
Според најавите од албанските медиуми, се очекува Реџепи денеска да биде промовиран на клупата на Лапи, клубот кој есенскиот дел од сезоната на Косово го заврши на третото место.
Реџепи со кормилото на Лапи беше поврзуван и во летниот преоден рок, но тогаш се одлучи сепак да не ја прифати понудата. Според најавите, Реџепи и покрај ангажманот во косовскиот прволигаш и натаму би останал во стручниот штаб на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА