Асот на јунајтед на слобода – Сите обвиненија против Гринвуд се отфрлени

Обвиненијата за обид за силување и напад против фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд се отфрлени од страна на Кралското обвинителство, соопшти полицијата на  Манчестер.

Во февруари минатата година талентираниот фудбалер беше осомничен за силување и физички напад, а клубот од „Олд Трафорд“ веднаш го суспендираше на неодредено време. Сепак, медиумите од Островот објавија дека Гринвуд продолжува да зема плата од околу 75.000 фунти неделно.

Англичанецот беше уапсен во ноевмри откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои се гледа девојка со крваво лице и бројни модринки по телото, со порака:

„До сите што сакаат да знаат што навистина прави Мејсон Гринвуд“.

 

 

Се вчитува...