Асоцијацијата на фудбалери до премиерлигашките играчи: Не потпишувајте никакво намалување на платите

Фудбалерите од Премиер-лигата засега се последните кои не се принудени на намалување или одложување на платите. Ова пред се се должи на своевидната заштитна калузула кој постои во договорите на премерлигашките фудбалери според која клубот никако не може самостојно да ја намали платата, ако го направи тоа се смета дека играчот е автоматски слободен. Преговори за евентуално намалување на платите на играчите ќе има в петок.

Паралелно со ова голем дел од политичарите во Англија веќе јавно зборуваат за тоа дека фудбалерите мора да понесат дел од товарот особено што неколку клубови веќе испратија дел од вработените на неплатено отсуство. Асоцијацијата на професионални фудбалери кој е вклучена во преговорите за судбината на сезоната заедно со Фудбалската аосцијација и со раководството на Премиер-лигата испрати писмо до сите играчи во кое ги повикува да не се согласуваат на намалување или одложување на платите без консултација со оваа Асоцијација.

„Пред да потпишете било како документ кој ви го дава клубот неопходно е целиот колектив да се консултира со Асоцијацијата на професионални фудбалери“ – стои во писмото кое не е објавено во јавноста, а за неговата содржина информира „Би-Би-Си“.

Во меѓувреме траат преговорите за судбината на остатокот од сезоната во Англија. Засега нема дефинитивно решение, во официјалното соопштение по состаноците стои дека разговорите продолжуваат.

 

Се вчитува...