Томас Тухел стигна до првата победа откако е на кормилото на Челси, откако неговиот тим го совлада Барнли со 1-0 во меч од 21. коло во англиската Премиер-лига. Сините од Лондон поведоа со голот на Цезар Аспиликуета во 40. минута на асистенција на Хадсон Одои, додека конечните 2-0 ги постави Маркос Алонсо во 84. минута.
Со овој триумф Челси се искачи на седмата позиција на табелата со 33 бода, додека Барнли останува 16. со 22 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА