Астон Мартин го претстави „АМР24“ (ВИДЕО)

Британскиот тим Астон Мартин денеска официјално го претстави новиот болид за престојната натпреварувачка сезона во Формула 1 шампионатот. Истиот ќе го носи називот „АМР24“ и со него тимот се надева дека ќе успее да го намали заостатокот зад Ред Бул.

Овој тим во првиот дел од изминатата сезона беше најблиску до доминантниот Ред Бул, но како што одминуваше сезоната се намали моќноста и заостана зад Ферари и Мерцедес во поредокот на конкуренти.

Фернандо Алонсо заврши четврти во поредокот на возачи, а Ленс Строл на деветтото место.

Се вчитува...