Астон Вила ги прати на спиење „децата“ на Ливерпул

Астон Вила е првиот полуфиналист во англискиот лига-куп, по рутинскиот триумф што овој тим го забележа на домашен терен над Ливерпул (5-0).

Ваквиот исход е сосема очекуван со оглед на фактот дека гостите допатуваа во Бирмингем со младинската екипа, бидејќи сите првотимци се во Катар, на настап на клупскиот Мундијал во организација на ФИФА. Младиот состав на Ливерпул беше подобар во првите десетина минути кога промаши и две стопроцентни шанси, за потоа домаќините да ја преземат инцијативата.

Хурихејн го отвори резултатот од „скратен корнер“ по слабата интервенција на гостинскиот, кој потоа беше немоќен и при автоголот на Бојс во 17. минута. Пред крајот на полувремето Кодџиа со два гола зголеми на 4-0, a конечните 5-0 во 92. минута ги постави Весли.

Се вчитува...