Англискиот премиерлигаш Астон Вила и официјално го назначи Унаи Емери за нов менаџер, кој ќе го наследи Стивен Џерард кој беше отпуштен минатата недела поради слабите резултати. Клубот од Бирмингем најави дека Емери ќе го презеде кормилото од 1. ноември, откако ќе се средат сите формалности околу работната дозвола.
Емери го замени Арсен Венгер во Арсенал во 2018 година, но издржа само година и пол на клупата на лондонскиот тим, по што беше отпуштен. Се врати во Шпанија во 2020 година и го предводеше тимот на Вилјареал, со кој имаше договор до крајот на сезоната. Но, Астон Вила ја плати откупната клаузула за да го добие Емери.
Емери има талент за освојување на Лигата на Европа. Дури трипати ја освојуваше со Севилја, и еднаш со Вилјареал, со што го држи рекордот како тренер со најмногу трофеи во ова натпреварување. Емери со Вилјареал минатата година го победи Арсенал во полуфиналето на Лигата на Европа, а потоа го совлада и Манчестер Јунајтед на пенали. Со Вилјареал стигна до полуфиналето во Лигата на Европа, каде беше елиминиран од Ливерпул.
View this post on Instagram
Астон Вила во моментов е на 14. место на табелата со 12 бодови. Во сабота гостува кај Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА