Астон Вила позајмува од Челси

Англискиот премиерлигаш Астон Вила ќе се обиде да го засили тимот за вториот дел од сезоната во Премиер – лигата. Клубот од Бирмингем постигна договор со Дени Дринквотер да пристигне како позајмен играч до крајот на сезоната. Покрај тоа посакува и уште еден играч на Челси, францускиот напаѓач Оливие Жиру.

На Жиру очајно му е потребна нова средина затоа што не доби шанса кај Франк Лампард, а сака да биде дел од националниот тим на Франција на ЕВРО 2020. Астон Вила му нуди решение, но во опција за напаѓачот е и заминување во Серија А каде интерес покажуваат Интер и Фиорентина. Исто така Жиру има понуда и да се врати во Франција, во составот на Олимпик Марсеј.

Астон Вила во моментот е само еден бод над опасната зона на табелата во Премиер – лигата. Тимот се соочува со сериозни проблеми по тешките повреди на првиот голман Хитон и најдобриот напаѓач Весли, кои по тешките повреди на колената предвреме ја завршија сезонава.

Се вчитува...