Aстон Вила го понижи Ливерпул на Клоп како ниту еден друг клуб (ВИДЕО)

Астон Вила му нанесе пораз на актуелниот шампион на Англија како ниту еден друг противник во ерата на Јирген Клоп. Тимот од Бирмингем го декласираше Ливерпул со 7-2. Се почна уште во 4. минута со првиот од вкупно трите гола во првото полувреме на Воткинс, а освен него во првите 45. минути стрелаше и Мекгин, а единствениот погодок за „црвените“ го постигна Мохамед Салах, по што на полувреме се замина со предност од 4-1 за домаќините.

Вториот дел продолжи во ист ритам Баркли во 55. минута го зголеми водството на домаќините на 5-1. Салах пет минути подоцна намали на 5-2, а до крајот Џек Грилиш со два гола ги постави конечните 7-2.  Последен пат Ливерпул во првата англиска лига примил против Тотенхем во 1963 година.

Головите од првото полувреме погледнете ги на следниот линк.

 

 

Се вчитува...