Само неколку дена по рекордниот трансфер на Морган Роџерс во Челси за 117 милиони фунти, Астон Вила и лондонскиот клуб реализираа уште една голема зделка.
Алехандро Гарначо попладнево и официјално стана нов фудбалер на Астон Вила. Тој пристигнува на позајмица од Челси, но договорот вклучува и задолжителна откупна клаузула. Вила ќе има обврска во целост да го откупи неговиот договор доколку се исполнат одредени услови во текот на сезоната.
Со овој потег, двата премиерлигаши го потврдија одличниот деловен однос во овој преоден рок, правејќи целосна реконструкција во своите офанзивни линии.
Alejandro. Announced. pic.twitter.com/2rsRli9q8Q
— Aston Villa (@AVFCOfficial) July 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
