Астон Вила сака да го назначи Мончи за спортски директор

Спортсксиот директор на Севилја, Рамон Мончи би можел да се пресели во Премиерлигата и тоа во таборот на Астон Вила. Клубот од Бирмингем сака да го назначи овој менаџер кој претходно соработуваше и со Унаи Емери.

Според „Гардијан“, Астон Вила треба да му плати оштета на Севилја од околу 2 милиони евра ако сака да го види Мончи во своите редови.

Претходно Астон Вила ја одби можноста Матеу Алемани од Барселона да стане спортски директор на клубот. Емери во летниот преоден рок сака да ангажира дефанзивец, крилен напаѓач и напаѓач.

Се вчитува...