Астон Вила со триумф над Њукасл ја прекина серијата од три порази во Премиер-лигата

Астон Вила стави крај на негативната низа од три последовни порази и триумфираше против Њукасл со 2-0 на домашен терен. Одлично одиграниот прв дел беше пресуден за освојување на бодовите.

Конор Хурахан во 32.минута го доведе домашниот состав во водство, а четири минути подоцна асистираше за вториот гол што го постигна Анвар Ел Гази.

По овој триумф, Астон Вила се наоѓа на 15.позиција со 14 бода, а Њукасл е место погоре и има еден бод повеќе.

Се вчитува...