Аталанта донесе суперзасилување за 12 милиони евра

Аталанта повторно се докажа како клуб што одлично реагира на трансфер-пазарот откако тимот од Бергамо донесе одлично засилување. Станува збор за еден од најдобрите фудбалери во холандското првенство, Тен Копмејнерс, кој се пресели од редовите на АЗ Алкмар во Аталанта за сума од 12 милиони евра.

Во период на луди мултимилионски трансфери, овој ангажман важи за извонреден бизнис на челниците на Аталанта, кои и во минатото знаеше одлично да оценат фудбалер, да го купат за слична или пониска сума и потоа да го продадат за далеку повеќе пари.

Копмејнерс е играч за врска околу кого без дилема ќе се врти играта на Аталанта. Тој одлично се снајде како главен организатор на играта на АЗ Алкмар, каде минатата сезона постигна петнаесет гола, надополнети со седум асистенции.

Аталанта летово ја активираше клаузулата за откуп на Ромеро од Јувентус за 16 милиони евра, по што го продаде одличниот дефанзивец на Тотенхем за 55 милиони евра. На негово место пристигна Демирал од Јувентус на позајмица вредна три милиони евра, Мусо беше доведен како нов голман по заминувањето на Голини исто така во Тотенхем, а како нови засилувања беа доведени и Давиде Запакоста од Челси и Матео Ловато од Верона.

Се вчитува...