Аталанта и со играч помалку го елиминираше Лацио

Аталанта во фантастичен натпревар славеше над Лацио со 3-2 и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија, стигнувајќи до триумф иако голем дел од второто полувреме го одигра со играч помалку, по црвениот картон на Паломино во 53. минута.

„Лацијалите“ имаат за што да жалат бидејќи по раното водство на Аталанта направија пресврт и преку Муричи и Ачерби победоа со 1-2. Домаќините уште пред крајот на полувремето израмнија со голот на Малиновски, а кога Паломино доби црвен картон се чинеше дека гостите од Рим се поблиску до победата. Сепак, Аталанта уште еднаш блесна кога беше најважно, преку Миранчук поведе со 3-2 и потоа ја задржа предноста до самиот крај.

Тимот на Гасперини во полуфиналето ќе се сретне со победникот од натпреварот Наполи – Специја.

Се вчитува...