Аталанта ја одреди цената – трката по Папу Гомез може да почне

Алехандро Папу Гомез се наоѓа на излезна врата од Аталанта по конфликтот со тренерот Гасперини, кој воопшто не смета на аргентинскиот плејмејкер за последните натпревари на тимот од Бергамо за оваа календарска година. Управата на клубот застана на страната на тренерот, Аргентинецот веќе почна да се пакува, а како што стојат работите трката за негов ангажман ќе биде супер-интересна.

Имено, Аталанта ја одреди цената за Гомез, симболични 10 милиони евра за овој 32-годишен фудбалски генијалец, сума што бројни клубови ширум Европа се подготвени да ја платат. Милан и Наполи ќе се обидат да го задржат Аргентинецот во Калчо-лигата, интерес покажаа и Ливерпул и Арсенал, a највисока плата на Гомез му нудат клубови од Саудиска Арабија и Катар.

Папу Гомез на 1 декември го одигра јубилејниот 250. натпревар во дресот на Аталанта, но набрзо потоа следеше конфликтот со Гасперини поради кој „љубовната приказна“ меѓу Аргентинецот и калчолигашот од Бергамо завршува неславно.

Се вчитува...