Аталанта ја „реши“ Специја за место кое води во ЛШ

Аталанта ја забележа 16. победа во Серија А, откако во 27. коло славеше над Специја со убедливи 3-1. Со оваа победа „сино-белите“ стигнаа до четврата позиција на табелата каде ќе преноќат оваа вечер со оглед на тоа што имаат натпреварот повеќе од петтопласираната Рома, која заостанува со само два бода.

Првиот дел од натпреварот заврши без голови, но двата тима ги исполнија очекувањата во второто полувреме. Прв резултатот го отвори Пашалиќ кој во 54. минута донесе водствто од 1-0 за својот тим, а предноста ја дуплираше Муриел минута подоцна. Пашалиќ повторно стрелаше во 73. минута, а утешниот погодок за Специја го постигна Пиколи во 82. минута од натпреварот.

Се вчитува...