Аталанта откина бод на „Сан Сиро“

Милан ја испушти втората победа во Серија А оваа сезона, откако дозволи да прими гол од Аталанта на „Сан Сиро“ во судиското продолжение за конечни 2-2. Гонзало Игуаин во втората минута им донесе предност на „росонерите“, а Алехандро Гомез израмни на почетокот на вториот дел.

Џакомо Бонавентура во 61.минута повторно го доведе Милан во водство, но и тоа се покажа како недоволно за домаќинот да обезбеди три бода од овој дуел. Емилијано Ригони во втората минута од судиското продолжение израмни на 2-2.

По четири одиграни меча, „росонерите“ имаат само пет освоени бода.

Се вчитува...