Аталанта си играше „топло-ладно“, но Иличиќ спречи радост на Фиорентина

Аталанта по тешка борба успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Фиорентина, славејќи со 2-3 за задржување на четвртото место на табелата пред Наполи.

Тимот од Бергамо одигра беспрекорно прво полувреме во кое рутински водеше со 0-2 со головите на Запата по двете асистенции на Малиновски. Сепак, потешкиот дел од задачата беше да се задржи таа предност бидејќи Фиорентина тргна во офанзива во вториот дел, па со двата гола на Влаховиќ „виолетовите“ ги изненадија гостинските фудбалери израмнувајќи на

Аталанта на крајот сепак успеа да стигне до трите бода благодарение на успешно изведениот пенал на Иличиќ, кој влезе во игра седум минути претходно на местото на Малиновски.

„Сино-црните“ од Бергамо сега се четвртопласирани со 61 бод, два повеќе од Наполи и „плус шест“ во однос на шестопласираниот Лацио.

Се вчитува...