Аталанта славеше минимално над Болоња (ВИДЕО)

Аталанта со еден гол стигна до трите бода на гостувањето кај Болоња. Отпорот на домашнтие беше скршен дури во финишот, во 82. минута кога Сисе погоди во мрежата на домашните и ја донесе победата.

Иако Болоња имаше повеќе од играта и повеќе удари кон голот на противникот (3-2), сепак, гостите ги носат бодовите. Најдобрата шанса домашните ја имаа во 90. минута преку Медел, но топката заврши крај голот.

Аталанта и натаму „сонува“ за пласман во Лигата на шампионите, и сега се наоѓа на шестото место со 51 бод, или осум помалку од четвртопласираниот Јувентус.

Се вчитува...